Р.С. (41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка. По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти МВР.
Се преврте трицикл, загина девојче
ТОП ВЕСТИ