„На 12.04.2024 во 18.05 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш во близина на с.Лакавица, штипско се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило фиат дукато со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б. (24) од с.Баница, струмичко излетало надвор од коловозот и се превртело. Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобила сопатничката И.Б.(21) од истото село, констатирана во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип“, соопшти МВР.