четврток, 7 ноември 2024

Се подготвуваат кадровските решенија за техничката влада

Oд 28 јануари министер за внатрешни работи во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе биде Наќе Чулев, кој еднаш веќе беше министер на таа позиција кога премиер на техничка влада беше Оливер Спасовски.

Објавено на

часот

Сподели

Опозицијата во т.н. пржинска влада има право на министерски места за полиција и за социјална политика, а заменички министерски места во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација. Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ исто така е можниот заменик на министерот за земјоделство.

За учеството во техничката влада ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува по средбата на претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, која најверојатно ќе се одржи по Божиќ.

Во техничката влада од СДСМ на своите министерски места веројатно ќе останат актуелните министри, а за дополнителен заменик-министер за внатрешни работи веќе се размислувало за Митко Бојмацалиев, актуелен шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски.

До 25 јануари се очекуваат оставките на Димитар Ковачевски и на Талат Џафери од премиерската функција и од функцијата претседател на Собранието. Џафери од 28 јануари станува премиер на техничката влада.

Првата собраниска седница во новата година е закажана за 16 јануари.

Чулев во интервју за Курир.мк ја најави својата нова позиција. Веднаш по формирањето на техничката влада, во рамките на МВР ќе се спроведе интерна ревизија на преземените дејствија во врска со истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и ќе се поднесат соодветни дисциплински постапки ако се утврди дека се направиле клучни пропусти во истрагата, изјави Наќе Чулев.

„Врз основа на тоа што ќе биде утврдено во рамки на внатрешната ревизија, против сите оние кои направиле клучни пропусти во истрагата со несовесно, непрофесионално и нестручно постапување, ќе се покренат соодветни дисциплински постапки, а истовремено и ќе се информира и ОЈО за ГОКК за новите информации и елементи од истрагата. Доколку има елементи ќе се поднесат и соодветни кривични пријави до ОЈО за ГОКК. Воедно, за сите нови моменти од истрагата транспарентно ќе се информира македонската јавност. Истовремено, ќе се направат максимални обиди со цел што е можно побрзо изведување на главниот осомничен пред лицето на правдата. Убиствата на малолетничката Вања и Панче се само врв на сантата мраз кога е во прашање нестручно и непрофесионално постапување на МВР под раководство на Оливер Спасовски. Нашите сознанија зборуваат дека истрагата можела многу поквалитетно и поефикасно да се спроведе, а доколку не се направени сериозни професионални и стручни пропусти и се преземени должни дејства кои согласно полициските и криминалистичките процедури требало да се преземат, сигурно можело и да се превенира киднапирањето и последователното убиство на Вања. И тоа пред сѐ, е резултат на лошите кадровски и менаџерски политики на раководството на МВР“, рече Чулев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ