„Графитите од српскиот националистички, шовинистички и проруски карактер, заедно со маскирани екстремисти кои вршат напади, вандализираат и напаѓаат сè што не е српско, се главните показатели на мотивите на насилните акции“, се наведува во соопштението на косовската влада.
Во соопштението објавено по состанокот на Курти со амбасадорите на западните земји и шефот на канцеларијата на ЕУ на Косово, истакнато е дека сите треба „најостро да ги осудат насилните акции“.
На состанокот е истакната важноста и потребата за деескалација на ситуацијата, се наведува.