Кога нешто не ти треба тогаш се отарасуваш од тоа. А најлесен начин да се отарасиш е да го однесеш кај ѓубрето. Зошто да одиш на соодветното место за одлагање на кабаст отпад, да трошиш време и пари? Комуналец ќе го собере… Ако те види комшијата како го носиш накај ѓубрето ќе речеш дека го оставаш за некому да му послужи и да си го земе.
Кадата и кадичката стојат тука. И капак од еден од контејнерите што е нејасно зошто е тука. И ја грдат и ноќта. Ни куче не ги помириса. Кој пак сака када во која бил некој друг…
Една гума фали, можеби гори во некоја печка во некој дом.
Ех, вечно Скопје!
П.Џ.