Оваа фонтана претставува естетско збогатување на просторот, кој е едно од најфреквентните места во општината, и ќе придонесе за поубав и попријатен амбиент за сите граѓани, соопштија од Општина Кисела Вода.
„Со изградбата на фонтаната во паркчето „Срце“ уште еднаш покажуваме дека вложуваме во подигнување на квалитетот на живот во секој дел од нашата општина. Создаваме убави, функционални и атрактивни јавни простори кои ќе бидат места на собирање, дружење и уживање за сите генерации. Овој проект е дел од нашите напори за модернизација и разубавување на општината, а во периодот што следува, продолжуваме со поставување на нова урбана опрема, која ќе ја направи Кисела Вода поубаво место за живеење“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.