Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечер на полноќ.
ДИК се очекува во 16 часот да започне седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и за Претседателските (24 април) и за Парламентарните избори (8 мај).
Во ДИК попладнево беше потпишан Кодекс за фер и демократски избори од страна на претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Билјана Ваковска, Арбен Таравари. Кодексот не го потпиша Стевчо Јакимовски.