недела, 22 декември 2024

СДСМ: Водиме грижа и за тутунарите

Водиме вистинска грижа за тутунарите, го почитуваме и го вреднуваме нивниот труд и мака. Откупот на тутун на терен се одвива непречено, по зголемена цена, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Зголемената откупна цена на тутунот од 365 денари по килограм ја следат откупувачите, кои до тутунарите веќе ги доставија анексите на договорите, кои се однесуваат на целокупната количина предаден тутун.

Заедно со субвенцијата зголемена за 20 денари, на 100 денари по килограм, вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар.

Тутунарите се задоволни, имаме фер цена, зголемена по втор пат оваа сезона, но и други мерки за поддршка на тутунарите. Креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по хектар. Дополнително, тутунарите за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Со нас тутунарите добиваат повеќе“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ