„Град Скопје денес е со блокирана сметка и е пред банкрот само поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска.
И добро би било некој да му каже на Наум Стоилковски дека за време на изборите неговиот шеф Мицкоски ја промовираше Арсовска како најдобра менаџерка, дека Арсовска победата ја славеше токму во Белиот дворец, каде е и работното место на Стоилковски“, се вели во реакцијата на СДСМ.