среда, 12 февруари 2025

СДСМ: Со замрзнување на маржите, Мицкоски донесе мерки кои ги критикуваше како опозиционер

Опозициската партија СДСМ, цени дека со мерките за замрзнување на маржите, за кои се одлучи Владата, премиерот Мицкоски конечно решил да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.

Објавено на

часот

Сподели

„Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше. Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.

За жал, сè ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. Tаа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.

‘Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата’, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.

СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства“, се вели во партиската реакција на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ