недела, 22 декември 2024

СДСМ: Со уставните измени продолжува нашиот евроинтегративен процес

Објавено на

часот

Сподели

„Измените на Уставот се потребни за да продолжи нашиот евроинтегративен процес и отворањето на поглавјата од процесот на преговори. Но, Мицкоски со голема леснотија кажува дека е подготвен да им ја блокира европската иднина на граѓаните земјата, исто како Груевски.

Седницата е последна можност, да покаже Мицкоски дали избрал интеграција во ЕУ или е за изолација, седнат во скутот на Левица.

Доколку ја одбере Левица и анти-европскиот блок Мицкоски отворено застанува против Македонија, против врвните национални и државни интереси на македонската држава-членство во ЕУ“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ