сабота, 19 октомври 2024

СДСМ: Просечната плата се намали за цели 1.000 денари

За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност, платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари, се вели во реакцијата на СДСМ. Оттаму додаваат дека ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците. Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ. Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество. Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува. Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ