„Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список.
Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.
Ова е основано сомневање и за кривично дело. Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски“, рече пратеничката на прес-конференција во СДСМ.
Oд партијата тврдат дека е разоткриена цела шема и оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите преку објава на јавниот сервис МТВ.