„Додека луѓето едвај врзуваат крај со крај поради огромните поскапувања, додека нема пари за поголема минимална плата и додека луѓе умираат бидејќи нема лекови Мицкоски фрла илјадници евра за лајкови. Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, многу повеќе од минимална плата. Тоа што Мицкоски ги убедува граѓаните дека им е доволно за цел месец го троши на Фејсбук за неколку дена. Каков безoбразлук, какво лицемерие. Да се фрлаат илјадници евра за реклми на фејсбук покажува дека на оваа власт не и се важни граѓаните. За Мицкоски поважно е да фрла илјадници евра за лајкови, да се слика и да се снима, а за граѓаните баш му е гајле, нека се мачат како ќе го поминат месецот“, обвинуваат од СДСМ.
На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека СДСМ се пбидува да го одвлеч вниманието на јавноста од нивните корупциски скандали и злоупотреби.
„СДС мисли дека грубите злоупотреби и криминалната спрега со креаторите на лажните вести на социјалните медиуми, кога тие трошеа повеќе од 20 илјади евра на ден за спонзорирани лаги, ќе бидат заборавени. Но тоа време е минато. Граѓаните знаат кој ги труеше со лажни вести, а кој работи отворено и отчетно. Инаку, да разјасниме – Мицкоски не дава денар за такви работи. А СДС, сè додека не сфати дека мора да излезе од лудилото во кое е навлезен, ќе се доведува во ситуации како на нивниот неодамнешен состанок во партијата, кога пресметувале дали ќе освојат еден или ниту еден градоначалник на следните избори. Народот ги препознава вашите глупости, лицемерие и забеганост и џабе ви се вакви лажни тврдења. Една реклама на Фејсбук, која е јавно достапна и транспарентна, не е ниту еден промил од грабежот и криминалот што го спроведуваше СДС. Граѓаните не се наивни и јасно ја гледаат разликата помеѓу транспарентното работење на ВМРО-ДПМНЕ и коруптивните практики на СДС. Време е СДС да престане со лицемерието и да се соочи со последиците од своите постапки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.