понеделник, 24 февруари 2025

СДСМ објави документи за наводна злоупотреба од министерот Меџити

Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани, изјави Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување.

Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните.

Поради оваа груба злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Со ова решение јасно се потврдува дека незаконските постапки на Меџити биле детектирани и санкционирани.

Ова не е прв скандал во кој Меџити е вмешан. Најпрво, јавноста беше сведок на неговите партиски вработувања, а сега гледаме дека истиот човек, спротивно на законот, создал сопствен систем за потпис и одлучување, што отвора сомнежи за корупција и мито.

Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити? Дали Меџити ќе го доживее истото сценарио како Артан Груби, кој по бројните злоупотреби избега од правдата токму со аминување на ВМРО-ДПМНЕ?

Очекуваме Мицкоски јавно да им се извини на граѓаните за ваквите постапки на својот најблизок соработник и конечно да го разреши од функцијата.

СДСМ ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и Јавното обвинителство веднаш да отворат истрага и да постапат во согласност со законот“, рече Костовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ