„Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и вратени во семејните буџети. Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија, бидејќи се повеќе граѓани бараат фискални сметки.
Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел од ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник, а може да се очекува износот за поврат преку МојДДВ да расте и понатаму.
СДСМ се грижи за граѓаните, за повеќе пари во семејните буџети, за унапредување на животниот стандард“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.