„Ова отвора сериозни прашања за кредибилитетот на владините претставници и за политиката што ја води Мицкоски. Доколку тој навистина ужива поддршка од американската администрација, како што често тврди, сега е моментот да го докаже тоа со конкретни чекори.
Во спротивно, неговата тишина само ќе потврди дека во Владата се толерираат контроверзни личности.
Јавноста има право да знае: кои се причините поради кои Лимани е прогласен за непожелен во САД? Дали ова значи дека тој е вмешан во скандал што ја загрозува меѓународната репутација на земјата?
Мицкоски не може да остане без одговор. Доколку навистина е посветен на транспарентноста и партнерството со САД, мора веднаш да го разреши министерот Лимани. Секое одолговлекување само ќе покаже дека премиерот ја става партиската лојалност пред државните интереси.
Ги повикуваме Лимани и Мицкоски веднаш да излезат пред јавноста и да одговорат: Зошто министерот има забрана за влез во САД? Дали ќе биде разрешен или Владата ќе продолжи да го штити? Ова не е случај што може да се премолчи“, соопшти СДСМ.