четврток, 30 јануари 2025

СДСМ и Левица бараат надзорна расправа во Собранието за загадениот воздух

Врз основа на барањата на граѓаните, на невладините организации и многу експерти коишто работат на зачувување на животната средина, и најважно, врз основа на поразителните резултати коишто доаѓаат за загаденоста на воздухот, покренуваме иницијатива за одржување на надзорна расправа во Собранието, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Да разговараме какви мерки и активности се преземени од страна на Владата и на другите надлежни институции. Заради тоа што ова е една од основните функции на Собранието,  преку вакви деловнички и законски инструменти да успееме да седнеме сите на една маса и пред граѓаните да ги отвориме сите прашања. Оваа иницијатива ја покренавме заедно со пратениците на Левица. Сметаме дека борбата против загадениот воздух може да ги обедини сите пратеници во македонскиот парламент.

Зачувувањето на животната средина е една темелна вредност којашто е загарантирана со Уставот, а е дел од корпусот социјални, економски и културни права на граѓаните, а нè тангира и сите нас поединечно и сите нас заедно. Токму затоа сметам дека одговорноста пред сè на пратениците во овој дел е да седнеме заеднички и да разговараме за решенија. Врз основа на тие решенија што ќе ги изнајдеме да произлезат активности коишто ќе придонесат за зачувувањето на животната средина, “, кажа Спасовски на прес-конференција.

Според Спасовски, надзорната расправа како инструмент ќе даде одговор на многу прашања и ќе може на високо експертско ниво да се разговара со сите оние кои работат во областа, да се слушнат мислењата на институциите за да се согледаат сите проблеми. Но најважно од сè, според  СДСМ е да се отвори конечно една ваква дебата и преку таа дебата да се побара од извршната власт да преземе конкрени мерки и активности сè со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат – здрава животна средина и чист воздух.

„Ако ги погледнеме статистичките податоци во делот на влијанието на воздухот врз здравјето на граѓаните, за тоа колку и какви болести се развиваат како последица на нечистиот воздух се поразителни факти кои мора да не замислат сите нас. Секој еден што мисли дека е одговорен политичар да застане зад оваа иницијава“, порача Оливер Спасовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ