недела, 22 декември 2024

СДСМ и ДУИ и дефинитивно нема да одат со заеднички кандидат за претседател

„Партијата ДУИ сама си одлучува за својот настап на изборите, а ние сами си одлучуваме за нашиот настап. СДСМ дефинитивно ќе има свој кандидат за претседател, а прашањето дали и ДУИ ќе има свој кандидат треба да го поставите на нивна адреса“, изјави денеска Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Тој одби да ги коментира гласините за тоа дека Али Ахмети ќе се кандидира за претседател од редовите на ДУИ.

„Ако ги земете сите мои досегашни изјави и ако ги погледнете сите соопштенија на нашата партија, тогаш ќе заклучите дека СДСМ ќе има свој претседателски кандидат на изборите и дека сите прогресивни политички партии, поединци, невладини организации, можат да го поддржат нашиот кандидат и можат да ни се приклучат во коалицијата. Не сум се видел со Али Ахмети во последно време, но тоа не значи дека наскоро нема да имаме средба. Тоа што сакам да го потенцирам е дека ние дефинитивно одиме со наш кандидат за претседател, а дали и ДУИ ќе го стори истото, треба да прашате таму“, изјави Ковачевски, одбегнувајќи да одговори дали СДСМ би го поддржала Али Ахмети како кандидат за претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ