„Додека потрошија над 600 милиони евра за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде побитни биле провизиите отколку квалитетот.
Показател за тоа е и потпорниот ѕид кој се урна завчера и чиста среќа е што нема човечки жртви.
Одговорност мора да има за овој пропуст и од изведувачот и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски е ист како Данела Арсовска, освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци и седум месеци ништо не сработи за граѓаните и општината.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најнеуспешните градоначалници и најголемо разочарување за граѓаните“, соопшти СДСМ.
СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат еден ѕид добро да направат
![template](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2023/12/template.jpg)
Објавено на
часот