петок, 31 јануари 2025

СДСМ бара максимална казна за сторителот кој ја усмрти Фросина, СДММ ќе се придружи на протестот на граѓаните

Партијата СДСМ реагира со жалење за трагичното загинување во сообраќајна несреќа на 22-годишната Фросина Кулакова, укажувајќи воедно на сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците. Тие го поддржуваат револтот на граѓаните и најавуваат дека од младинскиот огранок на партијата, СДММ ќе се придружат на протестот.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ изразува длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина. Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите.

СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот.

Протестите се легитимно право на народот да изрази незадоволство и барање за одговорност од оние што не си ја извршиле својата должност.

Владата и Министерството за внатрешни работи мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците. Не смееме да дозволиме нови трагедии поради институционална небрежност.

Ги повикуваме сите надлежни органи да дејствуваат дејствуваат без одложување и да обезбедат правда за жртвата и нејзиното семејство. Време е за одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ