вторник, 4 февруари 2025

СДСМ бара да се повлече предложената концепција за гимназиско образование

Од опозициската СДСМ ја повикуваат министерката за образование, Весна Јаневска да ја повлече предлгог-концепцијата со која се предвидуваат реформи во гимназиското образование, односно предметите Филозофија, Етика, Логика, Социологија, Педагогија да бидат во програмата како изборни предмети. Воедно од СДСМ упатуваат предлог да се организзира вистинска јавна дебата и сметаат дека објавувањето на предлог-концепцијата на веб-страната на Бирото за развој на образованието не го задоволува нивото на стручна јавна расправа.

Објавено на

часот

Сподели

„Предложената концепција за гимназиско образование од страна на министерката Весна Јаневска предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност. Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јанева која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници.

Очигледно Јанева нема капацитет да го води овој толку значаен ресор. Оваа концепција, која се турка без доволна консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието.

Како одговорна политичка партија, СДСМ повикува на итно организирање на јавна дебата со сите засегнати страни за да се обезбеди квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците. Јавна дебата не е поставување на концепцијата на веб-страницата на Бирото за развој на обраованието. Несериозно е да се прават сериозни реформи без јавна дебата и од таа причина оваа концепција ја одбија сите релевантни институции и експерти, а ја брани само министерката.

Неопходно е министерката Јаневска да преземе одговорност и да ја повлече предложената реформа, каде меѓу другото се укинуваат предмети кои се основата на гимназиското образование. Без предметите филозофија, етика, логика, социологија, педагогија и други, се урнисува основата на гимназиското образование.

Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релеватни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ