сабота, 19 октомври 2024
Не се откажуваат од Египјанецот

Саудијците подготвуваат нов рекорден трансфер, за ангажман на Салах, на Ливерпул му нудат 100 милиони

Објавено на

часот

Сподели

Мохамед Салах ова лето често се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, оваа недела повторно се јавија гласините, наводно Ал Итихад не е задоволен од реномето на Жота, па ќе се разделат со Португалецот по само еден месец и ќе се обидат да го донесат Египјанецот на негово место.

Новинарот Руди Галети доцна синоќа објави дека е испратена огромна понуда вредна над 100 милиони долари, нешто над 92 милиони евра, со намера да се убедат Јирген Клоп и Ливерпул да дадат зелено светло за продажба.

Доколку „црвените“ го прифатат предлогот, тоа ќе биде најскапиот трансфер во Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ