Според последните мерења, АКВ во Сараево изнесува 204, што го става во категоријата на нездрав воздух. Уште полоша состојба е забележана во Високо со индекс 210 и во Какањ со 207, поради што на граѓаните им е препорачано избегнување престој на отворено.
Експертите предупредуваат дека ваквото ниво на загаден воздух може да предизвика засилени симптоми и влошување на состојбата кај лицата со болести на срцето и дишните органи.
Според класификацијата на АКВ, вредностите од 0 до 50 означуваат добар воздух, од 51 до 100 умерено загадување, од 101 до 150 нездраво за чувствителните групи, од 151 до 200 нездраво, а од 201 до 300 многу нездраво, додека вредностите над 300 се опасни по здравјето.
На граѓаните им се советува намалување на активностите на отворено и преземање мерки за заштита, особено во градовите со најголеми индекси на загадување.
Главните причини за високото ниво на загадување на воздухот се работата на термоцентралите кои работат на јаглен и загревањето на домовите во зимските месеци.