вторник, 24 декември 2024

Сараево денес повторно има најзагаден воздух во светот

Сараево денес повторно стигна на врвот на скалата на градови со најголемо загадување на воздухот, според податоците на порталот Ервижуал кој собира податоци од мерните станици од држави низ светот. Концентрацијата на загадувачки материи во претпладневните часови била означена со индекс 235 и е во категоријата која означува „многу нечист воздух“.

Објавено на

часот

Сподели

Но, концентрацијата на микро честичките со ознака ПМ 2,5 истовремено била во категоријата означена како „опасна по здравјето“ бидејќи била 37 пати поголема од дозволената. Поради тие податоци во главниот град на БиХ на сила се мерки за предупредување кои, покрај останатото, треба да значат забрана за сообраќање на возила со постари мотори, но речиси никој не ја почитува.

Микрочестичките со години се главната причина за загадувањето на воздухот во Сараево, а ги произведуваат големиот број автомобили на градските сообраќајници кои имаат стари дизел мотори, како и домаќинствата кои користат цврсти горива за загревање.

Концентрацијата на тие штетни материи ја поттикнува и неповолната положба на Сараево во котлина, а дополнителен проблем се зимските месеци кога нема ветер, што создава „ефект на капак“ бидејќи оневозможува природна филтрација на воздухот. Втор на листата градови со најзагаден воздух денес претпладне беше пакистански Лахоре каде индексот на загадување бил 222.

Град со најчист воздух во светот денес е Сан Франциско со индекс 0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ