сабота, 27 јули 2024

Санкциите против Русија ги смениле бродските рути

Објавено на

часот

Сподели

Поради ембаргото на Европската Унија руските танкери со нафтени производи како бензин, дизел и млазно гориво патуваат денес 16 до 18 часа до Бразил, а исто толку им треба на американските бродови да го достават горивото во Европа. Пред санкциите танкер од Русија патувал до ЕУ за четири до шест дена.

Откако ЕУ ѝ воведе на Русија санкции, вредноста на индексот на танкерските возарини БЦТИ, кој го објавува Балтик ексчејнџ, а го мери движењето на возарините во транспортот на горива на ниво на најпрометните светски рути, се зголемила повеќе од двојно.

Исцртувањето на нова поморска мапа ги истакнува индиректните последици од обидите Западот да ја казни Русија за нејзината воена операција во Украина, со поизразена несигурност во снабдувањето со гориво и повисоки цени, токму во време кога владите се борат со инфлација и закана од глобална економска криза.

„Не само што патувањата се многу подолги, се смени и однесувањето на бродовите, на кои сега им е забранет на други пазари на ЦПП (чисти нафтени деривати)“, пишува аналитичарот на товарниот превоз во нафтената аналитичка компанија Вортекс Дилан Симпсон.

Руските испораки на горива сега патуваат кон далечните купувачи во Бразил, Турција, Нигерија и Мароко бидејќи Москва сака да го надомести изгубениот европски приход. Европа, пак, увезува повеќе гориво од Азија и Блискиот Исток.

Во Африка и на источниот Медитеран руското гориво сега го заменува она од Азија, кое привремено се насочува во складишта во Сингапур, центарот за мешање.

Европските увозници кои во Антверпен пред руско-украинскиот конфликт ги чекаа пратките на нафта од руските пристаништа четири дена сега го чекаат товарот од САД 18 дена. САД денес се главен снабдувач на Европа со тешка нафта, а Бразил, традиционалниот увозник на американска нафта, се сврте кон Русија, поради поатрактивните цени.

Меѓутоа, патувањето од Русија до Бразил може да потрае 18 дена или подолго, со трошоци по патување до седум милиони долари, речиси двојно повеќе од трошоците за испорака од САД. Бидејќи бродовите патуваат на поголеми растојанија, се отвора и прашањето за поголемите мисии на штетни гасови.

Врз основа на податоците од пред пандемијата за 10-отстотно зголемување на километражата на сите танкери на релации со европскиот економски простор се зголемува нивната емисија на јаглерод диоксид за околу 1,5 милиони тони. Тоа е исто како годишна емисија на околу 750 илјади автомобили во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ