При контролата, како што соопшти МВР, било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни.
По консултација со јавен обвинител, како што се наведува, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци.