Мечот во Ајндховен заврши нерешено 1-1, па на Дортмунд му беше потребна било каква победа.
Борусија почна одлично, со гол на Санчо во третата минута дојде до водство од 1-0.
ПСВ играше добро, особено во второто полувреме имаше неколку големи шанси за гол, а откако не ги реализираше следуваше казна.
Во 95. минута Марко Ројс искористи една грешка на гостите и даде гол за конечни 2-0.