Како што се наведува во соопштението Високиот кривичен суд ја одбил жалбата на државниот обвинител и ја потврдил првостепената пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која обвинетиот Санадер е ослободен од обвиненијата за кривично дело злоупотреба на позицијата и овластувањата, со примена на законот за незастарување на кривичните дела воено профитерство и кривичните дела од процесот на приватизацијата.
Станува збор за второ повторено судење, откако претходно правосилната ослободувачка пресуда ја укина уставниот суд на Хрватска, а откако неправосилната осудувачка пресуда, донесена во повторена постапка по одлуката на уставниот суд, ја укина врховниот суд на хрватска, враќајќи го предметот во судот во Загреб на повторно судење.
Во одлуката се наведува дека првостепениот суд заклучил дека не се исполнети условите од законот за незастареност поради недостигот од стекнување „несразмерна имотна корист“. Обвинетиот спорната провизија ја примил од средства на банката.
Поради тоа, наведува понатаму Високиот кривичен суд, тука станува збор за неимотна штета каква што може да предизвика секој државен функционер со правење кривично дело, без оглед дали делото е направено во воен или мирнодопски период.
Со оглед на тоа дека не постои можност за примена на законот за нестареност, застарувањето на кривичното гонење за кривичното дело злоупотреба на позицијата и овластувањата настапила на 22 март 2022. Затоа аргументацијата на која првостепениот суд ја засновал својата одлука е сосема правилна и законска.