недела, 20 октомври 2024

Само што избегал од „Идризово“ со пиштол ограбил обложувалница, но не стигнал далеку – фатен е од полицијата

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово во 9.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. од Куманово. Тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.Благоја Стефковски.

Инаку, тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна од 13 години и шест месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 396 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години и осум месеци. При лишувањето полициските службеници испукале еден предупредувачки куршум. Кај него биле пронајдени одземените пари и пиштол марка чешка зброевка, калибар 9 мм, со муниција. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ