„Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива. Ознаката претставува стандард за добро работење, ја доделува независен одбор, а процесот вклучува многу детални проверки на политиките, практиките и работата на организациите“, се појаснува во соопштението.
Како проверени организации за кои се препорачува да се поддржат, со ознака за доверба од целосно ниво, се „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“, Сојуз на извидници на Македонија, Здружение „Македонска асоцијација на земјоделски задруги“, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Додека, организацијата која добила ознака за доверба од основно ниво, е Македонската Асоцијација на советници за развој на кариера АСК.