Натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш не изобилуваше со многу возбуда и шанси, двете екипи ретко креираа. Кавадарчани дојдоа во водство преку Спахиу во финишот од првото полувреме. Со нивна предност од 1-0 се замина на одморот.
Вардар до бод дојде во 65. минута со гол на Мишковски. Црвено-црните немаа сили за комплетен пресврт.
Шкупи во денешниот меч против актуелниот шампион Струга влезе по серија од пет порази, чаирчани конечно победија, славеа со 3-1. Гуеје, Асани и Георг Стојановски ги постигнаа головите за домаќините, Кехинде погоди за шампионот.
Работнички дојде до важни три бода од гостувањето кај Брера каде победи со 3-1. Мазари, Демири и Гандо беа стрелци за скопскиот тим, Мато во финишот постигна почесен гол за струмичкиот тим.
Шкендија со гол на Рамадани во второто полувреме дојде до победа на гостувањето кај Воска.
Пелистер со гол на Ивановски во 18. минута ја победи Беса со 1-0. Немаше голови на мечот меѓу Гостивар и Силекс.
Резултати 17. коло:
Вардар – Тиквеш 1-1
Шкупи – Струга 3-1
Брера – Работнички 1-3
Воска – Шкендија 0-1
Пелистер – Беса 1-0
Гостивар – Силекс 0-0
Табела: Шкендија 36, Силекс 34, Гостивар 34, Работнички 34, Струга 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11.