Тимот на Пеп Гвардиола губи бодови, овојпат може и да биде среќен што не ги загуби сите три бидејќи Кристал Палас двапати водеше.
Домаќините поведоа со гол на Муњоз уште во четвртата минута, Халанд изедначи во 30. минута.
Лакроикс во 57. минута го врати водството за Кристал Палас, десет минути подоцна Луис изедначи на 2-2 што беше и конечен резултат.
Луис во 84. минута доби втор жолт картон, но Кристал Палас не ја искористи предноста од фудбалер повеќе.
Брентфорд со 4-2 го совлада Њукасл, а Астон Вила со 1-0 беше подобра од Саутемптон.