„Преку адвокат уште утре ќе поднесам поднесок до внатрешпната контрола на МВР, особено за делот на отворањето на моето возило без мое присуство и без судски налог. Како знаеле дека е тоа моето возило? Како знаеле дека јас имам пиштол и дека секој викенд одам на стрелиште? Доказ дека одам на стрелиште може да се најде во стрелиштето каде се запишува и потпишува секој поединец. Го искористија моментот за да ми ‘вратат’ за прилозите кои што ги објавив на Порталикс, а кои се однесуваат на лажните анкети“, изјави Салиу.
Салиу: Пиштолот ми беше во возилотo затоа што секој викенд одам на стрелиште
Во изјава за ТВ Сител, на прашањето зошто носел со себе пиштол, новинарот Фуркан Салиу изјави дека секој ден оди на стрелиште и дека тоа го планирал и по фудбалскиот меч во Долно Коњари каде што за време на мечот се случија инциденти меѓу навивачките групи, а тој беше приведен со образложение од полицијата дека нападнал полициски службеник.
Објавено на
часот