среда, 26 февруари 2025

Салах со нови коментари кои личат на збогум: Сакам навивачите да паметат дека им дадов сè

Мохамед Салах во разговор со поранешното крило на Ливерпул, Стив Мекманаман, уште еднаш испрати сигнали дека неговите денови на Енфилд се одбројани.

Објавено на

часот

Сподели

Момахед Салах ги одработува последните месеци од договорот и никако да пристигне абер дека Египјанецот прифатил нова соработка.

Неодамна напаѓачот сугерираше дека летоска ќе ја промени средината, а по неколку месеци тивок период, тој сега излезе со нова изјава од која може да се разбере дека неговите денови на Енфилд се избројани.

Во интервју со Стив Мекманаман за ТНТ Спортс, Мо Салах рече: „Сакам навивачите да паметат дека им дадов сè. Му дадов сè на овој град. Бев тука, воопшто не бев пасивен, напротив уживав во фудбалот и дадов сè од себе“.

„Овој град ти дава љубов и се креира една нераскинлива врска бидејќи ти им даваш сè“.

„Сакам само да паметат дека сум била тука осум години и сум го дал максимумот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ