петок, 18 октомври 2024

САД сакаат на Киев да му испратат касетни бомби, оружје забрането во 120 земји

Објавено на

часот

Сподели

Оружјето, кое првпат се користело за време на Втората светска војна, обично испушта голем број помали бомби и е познато по големиот број цивилни жртви. Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч објави извештај во кој наведува дека и руските и украинските сили користеле касетна муниција која предизвикала смрт и сериозни повреди на цивили.

„Касетната муниција која ја користат Русија и Украина предизвикува смрт на цивили. Двете страни треба веднаш да прекинат со нејзината употреба, а не да се обидуваат да набават уште од ова неселективно оружје“, кажа Мери Верхам од Хјуман рајтс воч.

Украина неодамна повика членови на американскиот Конгрес да извршат притисок врз администрацијата на претседателот Џо Бајден за тој да одобри испраќање конвенционална муниција со двојна намена. „Испраќањето на таквото оружје би предизвикало долгорочно мачење на цивилите и би ја поткопало меѓународната осуда на неговата употреба“, наведува хуманитарната организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ