понеделник, 30 декември 2024

САД подготвуваат санкции против најблиските соработници и сојузници на Орбан

Објавено на

часот

Сподели

Законот е во подготовка од минатата година и се очекува следниот месец да оди пред Конгресот каде веројатно ќе добие широка поддршка, според функционерите запознаени со процесот на изработка на предлог законот. Нацрт законот за санкциите се подготвува среде континуирано влошување на односите меѓу Вашингтон и Будимпешта.

Орбан беше близок политички сојузник на Доналд Трамп, а Фидес одржува силни врски со тврдокорните американски конзервативци. Во неодамна протечените документи на Пентагон, засновани на разузнавачки податоци, е наведено дека Орбан ги опишал САД како еден од трите најголеми непријатели.

Унгарија вчера објави дека планира да ја напушти Меѓународната инвестициска банка (ИИБ) под контрола на Москва, еден ден откако Соединетите Американски Држави ѝ воведоа санкции на институцијата со седиште во Будимпешта која во Европа се смета за „тројански кое“ на Русија.

 Објавувајќи ја одлуката за повлекување на своите претставници од банката, Унгарија изрази фрустрација од притисокот од Вашингтон.

„Прифаќаме и разбираме дека застапуваме различни ставови, но не разбираме зошто е потребен притисок на други држави да го сменат својот став. Унгарија е држава, затоа треба така да се третира, а не како колонија“, кажа шефот на дипломатијата Петер Сијарто на конференција за новинарите.

Ова не е првпат САД да им воведуваат санкции на поединци блиски до Орбан. Вашингтон во 2014 забрани влез во земјата на поголем број унгарски функционери, поради сомнеж за корупција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ