недела, 22 декември 2024

САД по грешка соборија сопствен авион додека го бомбардираа Јемен

Американската војска соопшти дека рано утринава по грешка соборила еден од сопствените борбени авиони над Црвено Море, принудувајќи ги двајцата пилоти да се катапултираат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обајцата се спасени, еден со полесни повреди, по „очигледен инцидент со пријателски оган“, кој се истражува, се вели во соопштението на американската Централна команда.

Ловецот бил Ф/А-18 хорнет што летал од носачот на авиони Хари С. Труман. Еден од придружните бродови, ракетниот крстосувач Гетисбург, „по грешка испука и го погоди“ леталото, се вели во соопштението.

Црвено Море веќе некое време е жариште на воени активности, додека американските сили се борат против хутистичката милиција поддржана од Иран во Јемен, која изврши напади врз бродови во регионот. Американската војска објави дека во саботата пукала кон беспилотни летала и проектили на хутите над Црвено Море и дека ги нападнала командните и контролните пунктови и ракетните складишта во Сана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ