вторник, 24 декември 2024

САД одобри итна продажба на 14.000 гранати на Израел

Американската влада одобри „итна“ продажба, без да помине низ Конгресот, на речиси 14.000 тенковски гранати на Израел за употреба во војната против Хамас во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Стејт департментот побара од Конгресот „итно“ одобрение за продажба на сојузникот Израел 13.981 граната од 120 милиметри за опремување на борбените тенкови Меркава вклучени во офанзивата на палестинска територија.

Оваа воена опрема е вредна 106,5 милиони долари.

„Државниот секретар Антони Блинкен утврди и детално му објасни на Конгресот дека постои итност веднаш да се продаде оваа опрема на израелската влада без парламентарна ревизија што се бара со законодавството за контрола на извозот на оружје“, соопшти Стејт департментот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ