сабота, 27 јули 2024

САД му испраќаат на Израел гранати наменети за Украина

Непосредно пред патувањето на шефот на Пентагон Лојд Остин во Киев, неименуван украински функционер за Еј-би-си њуз кажа дека американските испораки на артилериски гранати со калибар 155 милиметри за Украина се намалени за повеќе од 30 отсто откако почна војната на Израел со Хамас во Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за муниција која ѝ е исклучително важна на Украина во нејзината борба против руските сили, но Соединетите Американски Држави своите залихи, наменети за украинската војска, ги пренасочиле во Израел.

Иако бројни американски функционери во последните недели тврдеа дека снабдувањето на Израел со муниција нема да влијае на помошта на Украина, според неименуваниот украински функционер се случува токму спротивното.

„Тие (американските функционери) ни кажуваа дека тоа нема да влијае на нивните обврски, но влијае. Меѓу 60 и 70 отсто од вкупните украински залихи на гранати од 155 мм доаѓаат од САД“, кажа украинскиот функционер за Еј-би-си њуз, додека висок функционер на американската одбрана изјавил дека намалувањето на пратките муниција нема „апсолутно никаква врска со она што се случува во Газа“.

Меѓутоа, и извори на порталот Аксиос кажуваат дека гранатите наменети за Украина биле испратени во Израел.

Тројца израелски функционери потврдиле дека Израелските одбранбени сили и тамошното ресорно министерство испратиле барање до американските колеги за итна испорака на артилериски гранати со калибар 155 мм за копнената инвазија на Газа.

Американските залихи муниција биле депонирани и во Израел, како дел од договорот меѓу двете земји, од каде САД ги повлекувале за Украина. Според тој договор, Израел може да ја користи американската муниција во воени околности, како во 2006 за време на конфликтот со Либан.

Според израелските функционери, по нападот на Хамас Тел Авив побарал од Вашингтон да ги дополни исцрпените залихи за итни случаи во Израел, со што САД наводно се сложиле.

За време на посетата на Остин на Киев, шефот на Пентагон најави нов пакет помош за Украина од 100 милиони долари, во кој е вклучен „неодреден број“ артилериски гранати со калибар 155 милиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ