недела, 22 декември 2024

САД ќе ѝ испратат на Украина касетни бомби со среден дострел, артилерија и оклопни возила

Соединетите Американски Држави ќе ѝ испратат на Украина неодреден број касетни бомби со среден дострел како и ракети, артилерија и оклопни возила во рамки на пакетот воена помош во вкупен износ од околу 375 милиони долари, соопштија американски функционери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие додале дека официјалното соопштение ќе биде на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Новиот пакет помош вклучува бомби воздух-земја со касетна муниција кои можат да бидат испукани од украинските борбени авиони, како и муниција за ХИМАРС, „џавелин“ и други противоклопни системи, возила отпорни на мини и друга воена опрема.

Обезбеден преку претседателски указ, новиот пакет оружје е еден од најголемите одобрени и доаѓа од залихите на Пентагон за оружје побрзо да ѝ се испорача на Украина.

Доаѓа во момент кога речиси шест милијарди долари финансирање на Киев би можеле да истечат на крајот на месецот освен ако Конгресот не преземе мерки да ги прошири овластувањата на Пентагон да испрати оружје од своите залихи.

Партиските лидери во Конгресот соопштија неделава дека постигнале договор за краткорочен закон за трошењето, но нејасно е дали во привремената мерка ќе се додадат овластувања за Пентагон да испрати оружје на Киев.

Вклучувајќи го најновиот пакет САД обезбедиле повеќе од 56,2 милијарди долари воена помош на Украина од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ