Американскиот Конгрес донесе построг закон за миграција, според кој мигрантите без важечки статус за престој сега ќе бидат задржани во имиграциони центри, дури и за помали прекршоци, како што се кражба во продавници. Според новата политика, апсењата се фокусирани на имигрантите со криминално досие.
Според листата на оваа агенција (ICE), од регионот, САД планира да депортира 1.874 државјани на Албанија, 166 од Босна и Херцеговина, со грчко државјанство 211, Косово – 118, Црна Гора 68, Србија 50, 16 Словенија…
Овие лица имаат право да побараат азил или заштита според Конвенцијата против тортура. Но, според новата политика на американската администрација тоа е малку веројатно.
Владата на САД верува дека секоја земја е обврзана да го прифати враќањето на нивните граѓани и државјани кои немаат право да останат во Соединетите држави. Неприфаќањето на матичните земји на овие лица може да доведе до тоа САД да ги класифицира тие држави како некооперативни, пишува во документите на ICE.