вторник, 24 декември 2024

САД, Јужна Кореја и Јапонија ќе дејствуваат посилно против севернокорејската закана

Соединетите држави, Јужна Кореја и Јапонија се договорија за нови иницијативи за да се спротивстават на севернокорејската закана во сајбер просторот, вклучувајќи го лансирањете сателити и злоупотребата на криптовалути, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Објавено на

часот

Сподели

Советниците за национална безбедност од САД, Јужна Кореја и Јапонија се состанаа во сабота во Сеул, додека Пјонгјанг предупреди дека ќе лансира нови шпионски сателити.

Саливан додаде дека оваа средба уследи по трилатералната средба во август во Кемп Дејвид, чиј домаќин беше американскиот претседател Џо Бајден, каде што лидерите на трите земји ветија дека ќе ја продлабочат безбедносната и економската соработка.

„Покренавме нови трилатерални иницијативи за да се спротивставиме на заканата од Северна Кореја, од сајбер криминал и перење криптовалути до вселенски тестирања и тестирања на балистички ракети“, им рече Саливан на новинарите.

Координираните напори на сојузниците ќе бидат насочени и кон можна економска закана, рече Саливан.

Администрацијата на Бајден одржа состанок во Кемп Дејвид со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и јапонскиот премиер Фумио Кишида за да покажат единство соочени со зголемената кинеска моќ и нуклеарната закана на Северна Кореја.

Севернокорејските медиуми објавија дека Пјонгјанг е решен наскоро да лансира нови шпионски сателити, нарекувајќи го тоа дел од своето право на самоодбрана.

По разговорите со Саливан и јапонскиот колега Такео Акиба, јужнокорејскиот советник за национална безбедност Чо Тае-јонг рече дека размениле и размислувања за Украина и Блискиот Исток.

Саливан додаде дека „ќе продолжи да се бори за мир и стабилност во Тајванскиот теснец и слобода на пловидба во Источното и Јужното Кинеско Море“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ