Фајненшл тајмс прво пренесе дека Вашингтон побарал од европските сојузници информации за оружјето, мировните сили и безбедносните аранжмани за Украина.
„Планот очигледно е да се види како европските сојузници гледаат на можната рамка за преговори за ставање крај на конфликтот и евентуален ангажман на Европа и САД“, изјави европски дипломат запознаен со документот.
Документот вклучува шест прашања за сите членки на ЕУ, од кои едно се однесува конкретно само за членката што го прима документот, рече друг дипломат.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика денеска на создавање на европска војска, велејќи дека континентот повеќе не може да се потпира на заштитата на САД и дека ќе има почит од Вашингтон само со силна војска.
„Американците се свртуваат кон европските земји и прашуваат колку војници се подготвени да испратат“, изјави трет дипломат. Американскиот Стејт департмент сѐ уште не одговорил на барањето за коментар.