Два дена по смртта на Колцов, Сабаленка се обрати на јавноста и изненади со изјавата дека тие извесно време не биле во врска.
„Смртта на Константин за мене е незамислива трагедија, а иако не бевме заедно, моето срце е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата и приватноста на неговото семејство во овој тежок момент“, изјави Сабаленка која реши во црна облека да настапува на турнирот во Мајами и да не дава изјави за медиумите.
Колцов и беше придружба на Сабаленка на Австралија опен. Се верува дека тие раскинале два дена пред неговото самоубиство.