сабота, 24 февруари 2024

Сѐ што кажа Груби за Русија се факти кои сите ги знаат, вели премиерот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем меѓу заедниците Артан Груби беше конкретен и посочи кон Русија во однос на стратешките одлуки и процеси кои се правеле и прават во Македонија и дека Русија секогаш била против. И тоа се факти коишто сите ги знаат, изјави премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар во врска со обвинувањето на Груби кон Русија, изнесени во неговото обраќање на конференцијата „Година на европски можности“.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во Скопје, изјави дека станува збор за факти и оти вицепремиерот точно посочил за кои процеси мисли.

„Прво, вицепремиерот Артан Груби беше многу конкретен и посочи кон Русија во однос на стратешките одлуки и процеси коишто се правеле и прават во државата и дека Русија секогаш била против. И тоа се факти коишто сите ги знаат. Тој не кажа дека за се’, туку точно посочи за кои процеси мисли, се мисли на зачленувањето во НАТО, на унапредувањето на демократијата како и на отпочнувањето на преговорите со ЕУ“, додаде Ковачевски.

Груби, во своето обраќање на отворањето на конференцијата, порача дека од изборите на 11 декември 2016 година и формирањето на владата во јуни 2017 година, „ова прогресивно заедништво, се соочувало со многу предизвици“.

„Многу предизвици, кои што имаат само едно заедничко име, само еден единствен фактор на потикнување и само еден центар на инспирација, а тоа е Русија. Ако се сеќавате за време на нередите во Собранието имаше еден од руските служби заедно со колега од нашето соседство, кои што ги поттикнуваа тие што протеститраат да влезат и да ги линчуваат пратениците, новоизбраниот претседател на Собранието, мандатарот за нова влада и сите пратеници во прес-центарот“, изјави Груби.

Безбедносната, енергетската, ценовната криза и инфлацијата, според Груби, имаат само едно име – Русија и нивната воена агресија врз Украина.

„Дали има руско влијание во нашите верски заедници? Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации во нашето општество? И сите знаете дека има руски експоненти и елементи кои што прават се што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција која што сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство во Америка. Затоа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата“, изјави Груби претходно во обраќањето на отворањето на конференцијата „Година на европски можности“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ