Руте рече дека Путин ќе загуби ако го нападне НАТО.
„Затоа, нека не се обидува. И тој тоа го знае, одвраќањето и одбраната се многу силни“, рече Руте, пренесува Анадолу.
Руте на прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел рече дека прашањето за трошоците за одбраната ќе биде главна тема на состанокот.
Според него, се работи на постигнување договор за „амбициозни нови одбранбени цели за сојузниците во НАТО“.
Многу сојузници, особено во Европа и Канада, инвестираат значително повеќе од другите, рече Руте.
Руте рече дека не се согласува дека сојузниците на НАТО „мора да ја изедначат“ безбедносната помош за Украина, но додаде дека мора „да направат повеќе“ по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за изедначување на воената поддршка за Украина.