Претходно директорот на францускиот гигант Лука де Мео за Фајненшал тајмс кажа дека Рено не ја исклучува можноста за враќање на рускиот пазар, пренесува руската агенција ТАСС.
Претставник на корпорацијата Ростек (акционер на АвтоВАЗ) потврдил за ТАСС дека АвтоВАЗ не разговарал со Рено во врска со негово можно враќање во Русија.
Извор на ТАСС од руската влада смета дека враќање на француската автомобилска компанија во Русија е малку веројатно.
„Дури и ако постои таква желба, тоа е нешто што не би требало да го очекуваме“, кажал тој.
Рено објави прекин на своите операции во Русија во март 2022 година, а руското министерство за индустрија и трговија на 16 мај истата година извести дека имотот на Рено групата во таа земја станува државен.
Акциите се пренесени на руската влада, а уделот на Рено во АвтоВАЗ е пренесен на институтот НАМИ, кој припаѓа на министерството за индустрија и трговија.