петок, 18 октомври 2024

Руски комичари му се јавиле на Кисинџер и се претставиле како Зеленски (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што е измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров во својата најнова измама се претставија пред Кисинџер како украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кисинџер беше запрашан кој според него стои зад саботажата на гасоводот Северен тек со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија.

„Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашува: „Навистина? Мислевте дека сме ние?! Не, не, не сме…“. Кисинџер потоа одговора: „Но, не ве обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика. Снимката не е независно потврдена.

По експлозијата на Северен тек, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД. Други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ