петок, 18 октомври 2024

Руски генерал: Зборував за проблемите на фронтот, бев сменет во рок од еден ден

Објавено на

часот

Сподели

Генерал-мајор Иван Попов, кој командуваше со 58-та војска за комбинирано вооружување, во гласовна порака објавена од рускиот пратеник Андреј Гуруљов рече дека бил отпуштен.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не го коментираше случајот, а Ројтерс не можеше да ја потврди автентичноста на гласовната порака. Пратеникот Гуруљов е поранешен воен командант кој редовно се појавува на државната телевизија.

 

 

„Беше тешка ситуација со властите во која требаше или да молчиш и да бидеш кукавица или да кажеш како стојат работите“, рече Попов.

„Немав право да лажам во ваше име, во име на моите паднати соборци, затоа ги изнесов сите проблеми што постојат“, изјави тој.

Попов рече дека меѓу руските војници е зголемен бројот на загинати од украинската артилерија и дека армијата нема соодветен противартилериски одбранбен и извидувачки систем.

„Високите лидери очигледно се почувствуваа загрозени и брзо за еден ден добија наредба од министерот за одбрана и се ослободија од мене“, рече генералот.

„Украинската армија не можеше да ги пробие нашите редови од напред, на фронтот, но нашиот висок командант ни зададе удар одзади, сурово обезглавувајќи ја војската во најтешкиот и најсложениот момент“, изјави сменетиот генерал Попов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ